Само еден член од жирито на „Ѕвездите на Гранд“ не присуствуваше на погребот на Саша Поповиќ

Саша Поповиќ беше погребан на 6 март на Бежанијските гробиштата во Белград.
Речиси целата српска естрада се прости од лидерот на „Гранд“, а на неговиот погреб не дојде Аца Лукас, кој порано беше дел од жирито на „Ѕвезда Гранд“.
На погребот многумина го забележаа присуството на Зорица Брунцлик која со години не разговараше со Саша Поповиќ, Немања Стевановиќ кого Саша го избрка од Гранд, а ден подоцна се зборува и за пејачот кој не дојде.

Тоа е Аца Лукас, кој своевремено беше во жирито на „Ѕвездите на Гранд“.
Пред неколку дена новинарите го начекале Аца Лукас, каде на изненадување на многумина накратко се простил од креативниот директор на „Гранд“, Саша Поповиќ.
Имено, тој бил прашан дали слушнал дека Саша Поповиќ починал на 1 март, на што тој одговорил:
„Страшно, трагедија! Што да кажам, мое сочувство“, кратко рекол Лукас.
Да потсетиме, Саша Поповиќ беше погребан на 6 март, а од поп-магионичарот дојдоа да се простат голем број познаници и пријатели.
Пред тоа во Сава Центар се одржа комеморација.
Голем број луѓе дојдоа да се простат од Саша Поповиќ на комеморацијата во Сава Центар, а кога почна собирот, бројни колеги одржаа потресни говори.