Рецепти
Сладолед од вино

Компанијата „Мерсер“ ги спои двете наши омилени работи во еден отмен десерт, за кој не можевме да се воздржиме а да не ви пишеме – сладолед од вино!
Сладоледов има добри 5% алкохол, па навистина е можно дека ќе се опиете доколку изедете премногу од овој вкусен десерт. Мерсер засега ги има претставено вкусовите Merlot – од вишна, Чоколадно Cabernet, Zinfandel – праска, Port, Црвена малина, Chardonnay и Riesling.
Се надеваме дека овој сладолед ќе се најде во продажба и во нашите продавници до наредното лето.