Реклама
Рецепти

Салата од зеленчук на француски начин

Реклама

Го чистиме целерот, ренот и магданосот и сите заедно ги ставаме во вода (или говедска супа) и ги вариме.

Маркетинг

Кога зеленчукот ќе се свари, го вадиме од тенџерето и го сечиме на тенки кругови, а магданосот на ситни перчиња. Посебно го издвојуваме морковот од останатиот зеленчук.

Во посебен сад налева жешка вода и го ставаме исечениот зеленчук да се свари уште малку, но цело време внимаваме да остане на парчиња.

Маркетинг

Во истовреме го вариме излупениот и на коцки исечкан компир. Сварениот зеленчук го ставаме во длабока чинија, му додаваме сол, го преливаме со улје и го закиселуваме со разблажен вински оцет. Сето тоа го украсуваме со на страна издвоениот морков. Ако сакаме салатата да ни биде покалорична, целата смеса ја мешаме со мајонез (количина по желба).

 Потребни состојки: 

5 корена морков
1 главица целер
1 врзок магданос
1 корен рен
1 лажичка шеќер
3 средно големи компири

Сол, улје, вински оцет, малку говедска супа, мајонез

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button