Рецепти

Салата од ориз и маслинки

Откако ќе го исчистиме оризот, го миеме и вариме во солена вода. Зготвениот ориз го миеме уште еднаш со ладна вода и потоа го цедиме.

Гравот го чистиме, миеме и вариме. Феферонот и лукот ситно го сецкаме, па го мешаме со претходно натопена земичка во супа, оцет и сол и сето тоа добро го мешаме. Пршутата ја сецкаме на коцки и нив ги мешаме со оризот и гравот. Исечената сланина малку ја пржиме на масло за јадење, а потоа и неа ја мешаме со гравот и оризот.

alt

На смесата ги додаваме измешаните лук и феферон со оцет, па сé заедно добро промешуваме. Салатата ја украсуваме со маслинки замотани во сардела, а ја зачинуваме со мајорана.

 Потребни состојки:

200 гр. ориз
100 гр. сува сланина
3 чешни лук
250 гр. варен грав
80 гр. посна пршута
60 гр. зелени маслинки
50 гр. сардела
½ земичка
Мајоран, сол, масло, оцет
Малку супа
1 феферон

Види ја нашата нова WELCOME страница на Facebook.

Врати се на првата страна.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button