Сако што оваа есен мора да го имаме во нашите плакари
Кендал Џенер во одлично есенско издание
Кендал важи за една од најпознатите модни икони на денешницата. Таа изгледа беспрекорно без разлика дали е на црвениот килим или во нејзините „street style“ изданија, а со оваа фантастична комбинација повторно го докажа тоа. Имено, познатата манекенка за обична прошетка низ град избра скинати фармерки со широки ногавици и обична сина маица, а целата комбинација дополнително ја подигна со преубавото „оверсајз“ сако. Токму ваквиот модел на сакоа и јакни, кои беа популарни во 90-тите, важат и за еден од најпопуларните трендови што ќе ги гледаме оваа есен. Можете да го носите со фармерки како Кендал, па дури и со шорцеви, а 21 годишната манекенка го фураше со црна чанта со графити и црни чизми.
Па, дали ви се допаѓа ова еклектично издание на Кендал?