Заловеното куче што ги нападна децата во Аеродром ќе биде испратено во вечните ловишта
Ротвајлерот кој е стар околу една година ќе биде усмртен
Оваа одлука веќе е донесена во стационарот Вардариште каде кучињата кои покажуваат агресивно однесување се еутанизираат, додека останатите се вакцинираат и стелизирани повторно се враќаат на улица, односно на местото каде што се заловени за полесно да се снајдат во средината. Се уште е непознато кој е сопственикот на ротвајлерот кој искаса 8 луѓе од кои 5 деца низ Аеродром и Гази баба и кој откако го чувал неколку месеци го пуштил на улица. Ова предизвика страв кај граѓаните, но и паника, па така несовесните граѓани решија правдата да ја земат во свои раце и почнаа да фрлаат храна со отров низ парковите и игралиштата каде многу лесно може да дојде и во рацете на децата. Поставувањето на отров е кривично дело и за таквиот чин се одговара пред законот. Од здружението АНИМА МУДНИ апелираат бараат институциите под итно да ја смират јавноста, да извршат истраги и да ги казнат трујачите. Веќе се отруени десетина кучиња и уште повеќе мачки. Дел од активистите се организираат за да спречат понатамошното труење на кучињата скитници, а општините апелираат да се запре фрлањето на отров бидејќи е казниво со закон и секој што ќе бие фатен ќе одговара.
МВР веќе работи на расчистување на овие случаи.