Стил

Кристијано Роналдо и неговата бремена девојка изгледаат неодоливо на црвениот килим

Advertisement

Кристијано Роналдо и неговата убава девојка Георгина беа во центарот на вниманието на доделувањето на „The Best FIFA Football“ наградите

Advertisement

Кристијано и Георгина која го очекува нивното прво бебе на настанот се појавија заедно со неговиот најстар син што го роди мајка сурогат, Кристијано Роналдо Џуниор, додека близнаците кои на истиот начин дојдоа на овој свет се уште се мали за да присуствуваат на едно вакво случување. И додека маркантниот Португалец блескаше во елегантниот, црн костум, бремената Георгина ги освои сите со нејзиното гламурозно –ретро издание.

Инаку, тие двајцата се заедно речиси една година, а убавата Шпанка има само 22 години. Тие наводно се свршија пред неколку недели и го очекуваат нивното прво дете, според некои медиуми најверојатно станува збор за девојче, додека близнаците Ева Марија и Матеа од мајката сурогат само пред неколку месеци дојдоа на овој свет.

Advertisement

На настанот се појави уште една идна мама. Станува збор за Џенифер Жиру, сопругата на францускиот фудбалер Оливје Жиру која се појави во тесен фустан од црна свила со интересни детали од тантела во пределот на рамениците.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button