Ријана во блуза и фустан кои ова лето се хит и во Македонија
Да, блузите и фустаните (па и кошулите) кои ги откриваат вашите раменици (Off The Shoulder) се еден од водечките трендови за оваа сезона.
Ријана никогаш не нé разочарала кога станува збор за креативното изразување на нејзиниот специфичен моден вкус. Од „оверсајз“ парчиња во кои најчесто ја гледаме, до екстремно високи чизми и ексцентрични модели во впечатливи бои, не постои нешто што познатата пејачка не би можела да го внесе во својот препознатлив стил и да го фура на оригинален начин. Тоа е така и во нејзиното последно видео „Wild Thoughts“ каде се појавува во кроп топ со оверсајз ракави и со голи раменици, а под кој се гледаат нејзините голи гради.
Таа овој прекрасен женствен модел во розова боја го носеше во комбинација со зелени панталони чизми од Balenciaga од колекцијата за пролет 2017 и ремен од Versace. Впечатливиот цветен дезен на панталоните го даваат психоделичниот изглед на целата комбинација кој таа одлично го заокружи со марама на главата и големите обетки.
Време е овие фустани да ги освојат улиците во Скопје >>
Покрај оваа комбинација Ријана во спотот носи и миди фустан во преубава тиркизно зелена боја кој е со голи раменици ($1,473 Alberta Ferretti) во комбинација со римјанки кои се со нејзиниот потпис ($2,325 Rihanna x Manolo Blahnik).
Римјанките се настанати во соработка со брендот Manolo Blahnik и можеби се „преголем залак“ за нашите секојдневни, па и вечерни или свечени изданија, но затоа фустанот, како и кроп топот се нешто што дефинитивно би сакале да го имаме во плакарите!
Еве какви блузи и кошули ќе бидат во мода оваа сезона >>
Што мислите вие?
На следната страна се закачени моделите што ги носи Ријана >>