Реклама
Кожа и нокти

Најдобро решение за испукани усни. Студот и ветерот не ви можат ништо ако го правите ова

Реклама

Ако не сакате да имате испукани усни, пробајте го овој едноставен трик.

Како температурите стануваат се пониски, така и нашата кожа позасилено се суши – и тоа од греењето во просториите, но и од студениот воздух. Ова може мошне негативно да влијае на нашите усни, а со постојаното оближување во недостаток на балсам правиме уште полошо. Па, доколку не сакате за новогодишните и божиќните празници да ги дочекате со испукани усни, пробајте го трикот на познатиот дерматологот Барбара Стурм. Се што ви треба е да нанесете серум за лице на усните пред да одите на спиење.

Маркетинг

https://www.instagram.com/p/BNAqFIbgoE-/

Посебна состојка

Маркетинг

Можеби ви звучи чудно, но тајната се крие во посебната состојка која се наоѓа во хидрантните серуми – екстракт на растението тушт (Portulaca Oleracea). Ова растение всушност е лековит плевел и обилува со работи и минерали кои поволно делуваат на нашата кожа, ја штитат и ја подмладуваат. Покрај серумот, постои уште едно решение за испукани усни, а тоа се мрсните креми за лице и раце. Тие се подобри на пример од вазелинот, бидејќи ја хранат кожата, а вазелинот само „седи“ на површината и не се впива.

Секоја вечер пред спиење богато нахранете ги вашите усни со овие креми и тие ќе станат отпорни на сите несакани пригоди.

Растението тушт се користи и како лек, односно неговиот надземен дел во свежа состојба и тоа за намалување на крвниот притисок и шеќерот во крвта. Во стари времиња се употребувало против глисти. Туштот содржи витамин Ц, минерали, омега 3 масни киселини.

Туштот е особено добар за децата.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button