Реклама
Нега и здравје

Редовниот секс подмладува!

Реклама

Редовниот секс влијае на младешкиот изглед, па постарите мажи и жени кои имаат активен љубовен живот, може да изгледаат и до седум години помлади, покажуваат истражувањата на оваа тема.

seksimladost1

Маркетинг

Истражувањата ги има направено Дајвид Викс, психолог во Кралската болница во Едингург, кој вели дека луѓето не се свесни за тоа колку љубовниот живот е важен, без разлика на годините.

Викс поминал 10 години експериментирајќи со мажи и жени од сите возрасти и има заклучено дека 50 % од оние што изгледаат помладо, почесто имаат сексуални односи, што за луѓе кои имаат 40 и 50 години значи да имаат секс и по три пати во неделата.

Доктор Викс смета дека задоволството кое се јавува како последица на сексуалниот чин е клучен фактор во зачувувањето на младешкиот изглед. Освен сексот, биологијата исто така има круцијална улога, бидејќи за време на сексот се лачи хормонот ендорфин, задолжен за доброто расположение и чувството на среќа, кое исто така е природен лек против болки, нервози и кое ни помага полесно и мирно да заспиеме.

Маркетинг

seksimladost2

На сексот може да се гледа и како и на еден вид вежба која ја подобрува циркулацијата и која е важна за работата на срцето, но и за здравиот и природен изглед на кожата, вели доктор Викс. За време на сексуалниот чин доаѓа до лачење на хормонот за растење, а тој е познат по тоа што ú дава еластичност на кожата и го спречува создавањето на брчки.

Сексот исто така помага и при согорувањето на масти, а ослободува и супстанца која го подобрува имунитетот, го намалува стресот и допринесува за квалитетот на сонот.

Викс во текот на истражувањето дошол и до откритието дека луѓето кои изгледаат млади, обично и во брак стапуваат со помлади партнери, најверојатно поради својот младешки изглед.

seksimladost3

Во светот постојат многу стереотипи, на најразлични теми, па и сексот не е исклучок од таквата декадентна појава и став. А тоа е дека кога луѓето ќе достигнат одредена старосна граница, треба да престанат со работа и активност, отидат во пензија и овде завршува и нивниот сексуален живот. Доктор Викс тврди дека ваквиот став е многу погрешен, затоа што „сексуалната сатисфакција е еден од најважните фактори кај квалитетот на животот кај една единка и не треба да биде ексклузивно право само на младите луѓе!“

Поврзано

Back to top button