Реклама
Рецепти

Најубавите рецепти за смути на холивудските ѕвезди

Реклама

Од слабеење по породување, преку прочистување на организмот до едноставно уживање во прекрасниот пијалок и внесување на витамините и минералите кои ви се потребни да бидете здрави и витки…

Испробајте ги следниве рецепти и најдете го вашиот фаворит меѓу нив! 

Маркетинг

Смути за детоксикација на Блејк Лајвли
 
Ова е еден од најдобрите рецепти кој нуди совршена комбинација од витамини, минерали и антиоксиданси која ќе ви помогне да се ослободите од отровите и штетните материи и да го прочистите организмот.
 
Состојки:
 
– 1 шолја кељ
 
– 2 листа блитва
 
– 2 средно големи зелени јаболка
 
– пола шолја магданос
 
– половина мало цвекло
 
– пола шолја ананас
 
– половина мал лимон (излупен)
 
– малку свежо нане
 
Ако сакате поблаг вкус, заменете ги зелените јаболка со црвени.
 
Смути за слабеење по породувањето на Кортни Кардашијан
 

Овој рецепт и помогна на Кортни Кардашијан да се ослободи од вишокот на килограми по двете бремености.
 
Состојки:
 
– 1 шолја млеко (кравјо, бадемово, соино…)
 
– 1 јогурт со ниска масленост
 
– 1 банана
 
– 1 јаболко
 
– 1/4 шолја бадеми
 
– 1 чајна лажичка цимет

Маркетинг

– 1 мера протеински прашок од ванила
 
– 2 шолји мраз

Зелена бомба на Џесика Алба
 

Можете да користите свежо или замрзнато овошје, а по желба кељот можете да го замените со спанаќ.
 
Состојки:
 
– 2 шолји кељ
 
– 1/3 шолја малини
 
– 1/3 шолја јагоди
 
– 2 дл. јогурт
 
– 1 лажица мед

 

Црвено смути за енергија на Гвинет Палтроу
 

Ова смути ќе ви обезбеди енергија за во текот на целиот ден.
 
Состојки:
 
– 1 лажица гоџи бобинки (потопете ги во текот на ноќта и наутро исцедете ги и додадете ги во смутито)
 
– 1/3 шолја свежи малини
 
– 3 големи јагоди
 
– 1 лажица мед
 
– 3 лажици козји јогурт
 
– 1 лажица кокосово масло
 
– 2 дл. бадемово млеко без шеќер

 

Вкусно смути од замрзнато овошје на Џејми Оливер
 

Ова вкусно смути на славниот готвач ќе ве воодушеви.

Состојки:
 
– 1 зрела банана
 
– 220 гр. замрзнато овошје
 
– 2 лажици јогурт
 
– 1 мала шака овесни снегулки
 
– 1 мала шака мешани јаткасти плодови
 
– 2 дл. соино млеко или кравјо со ниска масленост или сок од јаболка
 
Ако сакате поблаг вкус можете да додадете и лажица мед.
 
Зелено смути на Роузи Хантингтон-Вајтли
 

Верзијата на зелено смути на Роузи е една од најдобрите што постојат!
 
Состојки:
 
– 4 листа салата
 
– 2 страка целер
 
– 1 шолја свеж спанаќ
 
– 1 излупено jаболко
 
– 1 круша
 
– половина банана
 
– половина исцеден лимон
 
– 1 и пол шолја вода

 

Веганско смути од вишни на Џенифер Анистон
 

Ако сепак преферирате смути без млеко или јогурт, пробајте го веганското смути од вишни на Џенифер Анистон кое ќе ве воодушеви.
 
Состојки:
 
– 1 шолја замрзнати вишни
 
– половина банана
 
– 1 мера вегански протеински прашок
 
– половина лажица мача прав
 
– половина лажица ленено семе
 
– 1-2 капки стевија
 
– 5 ореви
 
– половина шолја вода
 
– мраз

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button