Оваа непечена торта со овошје се подготвува многу лесно и е толку вкусна, што сигурно нема да ве разочара.
Оваа непечена торта со овошје се подготвува многу лесно и е толку вкусна, што сигурно нема да ве разочара.
Потребни состојки:
– 200 грама шлаг
– 200 грама несолено сирење
– 100 грама шеќер во прав
– 100 милилитри млеко
– 100 грама пишкоти
– 1-2 банани
– 6-7 киви
Начин на подготовка:
Изматете го шлагот, па потоа додајте ги сирењето и шеќерот во прав, па матете додека смесата не се соедини. На дното на калапот ставете неколку лажици шлаг, а врз него еден ред исечени банани на мали кругчиња, потоа пак шлаг, па пишкотите кои претходно сте ги потопиле во млеко. Потоа повторно додајте шлаг, па кивите сечени на парчиња, повторно шлаг, па на крај пишкоти. Оставете малку од шлагот за декорирање. Ставете ја во замрзнувач и оставете да стои околу еден час, па потоа декорирајте ја.