Рецепти

Рецепт за слатки гурабии со вкус на портокал

Реклама
Реклама

Гурабиите можат да бидат одличен десерт, но и прекрасен појадок.

1 gurabii

Гурабиите можат да бидат одличен десерт, но и прекрасен појадок. Денес погледнете го овој рецепт и уште утре изненадете ги вашите најмили.

Маркетинг

Потребни состојки:

– 250 г брашно

– 200 г маргарин (омекнат)

Маркетинг

– 100 г ореви (ситно мелени)

– 70 г шеќер во прав

– 1 пакетче ванилини кристали

– 1 лажичка прашок за пециво

– 1 рендана кора портокал

– 100 г шеќер (за валкање)

– 1 рендана кора портокал (за валкање)

– малку жолта боја за храна (за премачкување)

Начин на подготовка:

Брашното измешајте го со маргаринот, оревите, шеќерот во прав, прашокот за пециво, ванилата и кората од портокал. Месете се додека не добиете хомогена смеса. Тестото завиткајте го во проѕирна фолија и ставете го вофрижидер минимум 1 час. Исечено тесто на ситни парчиња 2.Оладеното тесто, поделете го на 4 дела, ролувајте го во должина па секој дел поделете уште на 10-15 дела. Полумесечинки 3.Од секое парче тесто направете топче а потоа ролувате и свиткајте го во форма на полумесечина. Наредени полумесечинки во тава за печење – силиконска 4.Готовите полумесечинки нарадете ги во тава за печење обложена со хартија. Доколку користите силиконска тава на Lekue, нема потреба од хартија. Намачкани со жолта боја 5.Печете на 180 степени, околу 10 до 12 минути внимавајќи да не потемнат. За подраматичен изглед, откако ќе се испечат намачкајте ги малку со жолта боја. Валкање во шеќер 6.Додека се сеуште топли, извалкајте ги во шеќер измешан со кора од портокал. Но, долку ви се оладиле, премачкајте ги малку со стопен маргарин па извалкајте ги во шеќер.

Извор: migusto.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button