Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за посни обланди со портокал: Вкус кој не се заборава!

Реклама

Во текот на посните денови, поубав колач од овој нема да најдете!

Потребни состојки:

  • 1 пакување обланди
  • 150 грама посни бисквити
  • 100 грама црно чоколадо
  • 100 грама бело чоколадо
  • 200 грама посен маргарин
  • 200 милилитри сок од портокал и кора
  • 250 грама шеќер
  • 100 грама ореви

Начин на подготовка: Исцедете 200 милилитри сок од портокал и изрендајте ја кората, па потоа додајте шеќер и исечкан маргарин, па ставете ги на оган да зовријат. Во тоа додајте ги мелените бисквити и мелените ореви. Смесата поделете ја на половина, па во едната ставете го растопеното бело чоколадо, а во другата растопеното црно чоколадо, па добро промешајте ги. Филувајте ги обландите со темен, па светол фил, додека не се истрошат сите кори. Одозгора притиснете ги со нешто тешко и оставете ги околу 2-3 часа на студено, за да се стегнат.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button