Реклама
MAMAРецепти

Наједноставниот рецепт за полнети шампињони

Реклама

Полнетите шампињони со фета сирење е јадење за чијашто подготовка ви треба само 20 минути, а се одлична опција за лесна вечера или како додаток на главно јадење. Во продолжение ви го прикажуваме овој вкусен и уникатен рецепт.

Потребно ви е:

  • 500 грама шампињони
  • 80 грама фета сирење
  • 1 помало чешне лук
  • 30 грама путер
  • 50 грама лебни трошки
  • 1 лажичка маслиново масло
  • Магдонос
  • Бибер

Начин на подготовка:

Исчистете ги шампињоните, па исечкајте ги. Лесно премачкајте ги со маслиново масло и наредете ги на плех за печење. На тивок оган растопете го путерот, па додајте го исечканиот лук и пржете уште 2-3 минути. На крај измешајте ги трошките и исечканиот магдонос и добро промешајте. Тргнете ја смесата и додајте уште сирење исечкано на коцкички. Со добиената смеса полнете ги шампињоните, па ставете ги да се печат на 200 степени, околу 10 минути

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button