Реклама
MAMAРецепти

Крем супа од тиква и праз: Сезонски специјалитет со висока хранлива вредност (Рецепт)

Реклама

Доколку сте љубител на тиква, оваа крем супа е одлична идеја за ручек или оброк кој можете да го сервирате со крцкаво лепче.

Потребни состојки:

  • 750 грама исчистена тиква
  • 4 парчиња праз
  • 4 ловорови листови
  • 1 лажичка исечкан рузмарин
  • 100 грама ориз
  • 4 лажички исечкан магдонос
  • Маслиново масло, сол

Начин на подготовка: Исчистениот ориз налијте го со 3,5-4 децилитри ладна вода, поклопете го и ставете го да се вари. Кога ќе зоврие, ставете сол и варете околу 35 минути, за да се впие целата вода. Тиквата исечете ја на парчиња, а празот на тенки кругови. Ставете го во сад со дебело дно, додадете 4 лажички маслиново масло и една лажичка што поситно исечкан рузмарин. Загрејте, додајте го празот и варете на среден оган околу 10 минути, постојано мешајќи. Додајте ловор и зачини по вкус, па варете уште 5 минути. Додате еден литар врела вода и оставете да се вари 15-20 минути. Извадете го ловоровиот лист, а потоа остатокот ставее го во блендер и мешајте додека не добиете кремаста смеса. Разделете ја супата во четири чинии, па додајте 1/4 варен ориз и една лажичка ситно исечкан магдонос.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button