Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за домашен леб од тиква – нека куќата ви замириса на есен

Реклама

Кога ќе го направите овој леб од тиква, целата куќа ќе ви замириса на есен, а овој сочен колач ќе ве натера да го подготвувате почесто.

Искористете ја богатата понуда на тикви и подгответе малку поинаков леб од оној на кој сте навикнати. Рецептот е лесен, а е одличен за замена на класичниот леб, а исто така добро е што можете а го користите како колач. Мек, сочен, зачинет, овој леб од тикви моќе да стане ваш омилен пријател во текот на есента.

Маркетинг

За негова подготовка потребно ви е:

  • 2 јајца
  • 50 милилитри маслиново масло
  • 50 милилитри мед
  • 100 грама пире од тиква
  • 2 лажички згмечени банани
  • кафеав шеќер
  • малку сол
  • 2 лажички прашок за пециво
  • цимет
  • половина чаша вода
  • една чаша овесни снегулки
  • 100 грама бадемово брашно
  • 250 грама брашно

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Измешајте ги јајцата со тиквата, бананата, медот и маслиновото масло. Додајте го шеќерот, прашокот за пециво, солта и циметот, па добро промешајте. Додајте ги овесните снегулки, бадемовото брашно и брашното, па лебот печете го околу 40 минути.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button