Реклама
MAMAРецепти

Рецепт за највкусната штрудла со јаболка

Реклама

Експериментирајте и притоа усовршете ги вашите вештини така што ќе ја подготвите оваа вкусна и неодолива штрудла со јаболка.

Потребни состојки:

  • 1 килограм јаболки
  • Половина кило свежи кори
  • Рендана кора од половина лимон
  • 3 лажици рум
  • 60 грама суво грозје
  • 100 гр. шеќер
  • 60 гр. бадеми, ситно сецкани
  • 2 лажички цимет
  • 3 капки ванила екстракт
  • 60 гр. путер, растопен
  • 85 гр. лебни трошки (или мелен двопек)
  • Шеќер во прав за декорација
  • 1 лажица масло

Начин на подготовка: Загрејте ја рерната на 180 степени. Намачкајте едно тавче за печење со малку масло. Излупете ги јаболката, одстранете ги семките и изрендајте ги. Ренданите јаболка измешајте ги со кора од половина лимон, рум. шеќер, цимет, суво грозје, ванила екстракт и сецкани бадеми. Поставете една кора врз работната маса. Премачкајте ја со малку растопен путер. Потоа ставете одозгора уште една кора, намачкајте ја со путер и превиткајте ги на половина. Додадете врз превитканите кори лебни трошки и 3 – 4 лажици од смесата со рендани јаболка. Превиткајте ја кората преку смесата и свиткајте ја во цилиндер. Поставете ја кората во тавчето за печење. Повторете ја постапката со остатокот од корите и јаболката. На крај премачкајте ги одозгора свитканите кори со остатокот од путерот. Печете ја штрудлата во загреана рерна 40 минути. Оставете ја штрудлата да се излади пред да ја исечете на парчиња. Послужете ја декорирана со шеќер во прав.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button