Рецепти

Рецепт за пита со зеленчук и сирење

Реклама
Реклама

Ручекот може да биде истовремено и декоративен и вкусен.

1 pita

Ручекот може да биде истовремено и декоративен и вкусен. Денеска, направете пита со зеленчук и неколку вида на сирење.

Маркетинг

Потребни состојки:

готово лиснато тесто

путер за намастување

Маркетинг

1 јајце

1 шолја урда

1 + 1/2 шолја рендан кашкавал

мускатно оревче

прстофат сол

2 топчиња моцарела

малку оригано

модар патлиџан

1 тиквичка

1 морков

малку блитва

маслиниво масло

Подготовка:

Чекор 1: Лиснатото тесто расукајте го, но внимавајте да не биде многу тенко. Тавата во која ќе печете, намастете ја со путер. Ставете го тестото во тавата за печење, направете дупчиња на тестото, ставете врз него хартија за печење и леќа. Печете 10-12 минути на 200 степени.

Чекор 2: Додека се пече пригответе ја крем подлогата. Во сад изматете ги јајцето, урдата и ренданиот кашкавал. Изрендајте малку мускатно оревче. Фичо го обожава овој зачин. Додадете прстофат сол, сецкана моцарела и оригано.

Чекор 3: За цветовите од зеленчук од секое парче зеленчук извадете тенки ленти. Меѓу цветовите пополнете со блитва за зеленило. Наредете ги цветовите врз крем подлогата. Премачкајте со маслиново масло.

Чекор 4: Печете на 200 степени 5 минути.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Наместо лиснато тесто, може да го употребите вашето омилено тесто за пити или тарт.

Извор: hybread.mk

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button