Редена мимоза салата.
Состојки:
2 варени компири, 100 гр шунка, 100 гр кашкавал, 4 варени јајца, 2 варени моркови, 200 гр мајонез, 200 гр кисела павлака, сол, бибер
Маркетинг
Начин на подготовка:
На дното на стаклена чинија изрендајте варен компир, посолете и побиберете, потоа додајте половина од павлаката, па убаво распоредете. Од горе додајте малку мајонез, па рендан морков, павлака, потоа шунка, па остатокот од павлаката, повторно малку мајонез, па рендани варени јајца, прелијте со мајонез и на крај изрендајте кашкавал или тврдо сирење.
Маркетинг
Добро изладете ја салатата и послужете ја како предјадење, додаток за месо или како главно јадење.
На здравје!
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .