Реклама
MAMAРецепти

Рецепт: Компир со сирење на француски начин

Реклама

Постојат неколку начини на кои можете да подготвите вкусен компир, а еве еден супер рецепт кој можете да го испробате.

ФОТО: getty images

Потребни состојки:

  • Четири поголеми компири (исечени на тенки кругови)
  • Една поголема глава кромид (исечена на кругови)
  • Сол и бибер по вкус
  • 40 грама путер
  • Три лажички брашно
  • Половина лажичка сол
  • Две чаши млеко
  • Чаша и пол рендано чедар сирење

Начин на подготовка:

Загрејте ја рерната и подмачкајте го садот за печење. Половина од компирите наредете ги во садот, потоа ставете го кромидот, па останатата половина од компирите. Ставете сол и бибер по вкус. Во друг сад истопете го путерот на оган со средна јачина. Додајте го брашното и солта и постојано мешајте една минута, па додајте го и млекото. Варете додека смесата малку не се згусти, а потоа додајте го и сирењето и продолжете да мешате додека не се стопи, околу една минута. Оваа смеса прелијте ја преку компирите и пеечете околу час и половина.

Маркетинг

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button