Подгответе си вкусен појадок кој можете да го комбинирате со јогурт и да ги изненадите вашите најмили.
Подгответе си вкусен појадок кој можете да го комбинирате со јогурт и да ги изненадите вашите најмили. За подготовка на овој рецепт потребно ви е:
– 20 грама квасец
– 15 грама шеќер
– Сол
– 300 милилитри млеко
– 3 јајца
– 700 грама брашно
– 50 милилитри масло
– 200 грама сирење
Начин на подготовка: Во сад издробете го квасецот, додајте малку топло млеко, шеќер и 1 јајце, па добро промешајте. Потоа додајте го остатокот од млекото и половина од брашното. Додајте сол и остатокот од брашното, па замесете средно тврдо тесто. Покријте го за да нарасне, па направете го како кора со дебелина од половина сантиметар и сечете го на правоаголници.
Издробете го сирењето, додајте го јајцето, измешајте и намачкајте на тестото. Секој правоаголник исечете го на ленти, почнувајќи од врвот, но оставете неисечено колку еден прст. Потоа свијте го и ставете го во плех. Тестото намачкајте го со јајце, ставете сусам и крупна сол. Печете во рерна на 200 степени, околу 30 минути. Послужете со јогурт.