Реклама
Интервју

Дизајнерите советуваат како да блеснете на новогодишната ноќ: Ирина Тошева

Реклама

Штипка продолжува со серијалот совети за совршен изглед на празничните прослави.

Маркетинг

Ги прашавме македонските дизајнери што би ви препорачале за да изгледате оригинално и впечатливо на новогодишната ноќ и тие несебично ги споделија нивните совети. По Бобан Илиевски, денес совети ви дели Ирина Тошева, повеќе од добро позната дизајнерка, особено кај помладите кои сакаат да се истакнат со својот стајлинг, а сепак да се чувствуваат удобно.

Важите за дизајнерка која најдобро го слуша пулсот на младата генерација. Што би им препорачале на девојките и момците да облечат оваа новогодишна вечер за да изгледаат свечено, а сепак во склад со годините?

Маркетинг

Најважно е комбинацијата да биде удобна за да може да се ужива во вечерта. Новогодишната ноќ дозволува да се игра со боите и модните додатоци, но мора многу да се внимава да не ве поистоветуваат со новогодишната елка. Бидете посебни, но немојте да го загубите својот идентитет.

Веднаш потоа следи низа празници и домашни забави за кои исто така треба да бидеме празнично дотерани. Што препорачувате да се облече на домашна семејна прослава?

Интересни кошули или фустани со едноставен крој, надополнети со убав накит се секогаш добитна комбинација за семејните прослави. Покомотната гардероба ќе ви дозволи да изедете нешто повеќе, а тоа да не се познае.

Кое парче би го издвоиле што задолжително ќе го носите или би сакале да го носите на новогодишната прослава?

Деновиве беше промовирано празничното продолжение на мојата колекција за оваа сезона, Мементо Мори 2.0, во соработка со Design & berries. Некое од парчињата и накитот задолжително ќе ги носам на новогодишната ноќ како и семејните прослави кои следуваат.

Фото: Facebook Irina Tosheva
Aвтор: Александра Спасеска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button