Реклама
Нега и здравје

Ракот може да се лечи со убоди од пчели?!

Реклама

Третманот со пчели во Кина се користи повеќе од 100 години, но од пред само пет години овој третман е признат како традиционално медицинско средство.

Маркетинг

 
Во една клиника за акупунктура во Пекинг се користи убод од пчела како лек против многу смртоносни болести. Според еден пациент, кој зборуваше за AFP, тој од минатата година досега се чувствува многу посилно, иако пред повеќе од една година докторите му рекле дека ќе живее уште година дена.

„Ги третираме пациентите од бројни болести, од артритис па се до рак и кај сите забележавме позитивни резултати“, вели Ванг Менглин кој што ја прави акупунктурата со пчели.

Инаку, овој метод во Кина се користи преку 100 години, но дури од неодамна тој е признат како традиционално средство.

Маркетинг

„Потребни се две години за да научите како правилно да ја држите пчелата. Само тој дел од учењето трае две години. Зошто сакаме да исцедиме дел од течоста? Затоа што предизвикува алергија, бол и чешање“, објаснува Ванг.

„Нема подобар начин да го зауставите стареењето од тоа да го зауставите стареењето на органите. Терапијата со пчели функционира и тоа токму за оваа намена“, вели Ванг кој и самиот ја има пробано оваа техника и тоа со 150 убоди. „Јас преживеав, но за жал тоа не е случајот и со моите пчели“ – објаснува Ванг.

Поврзано

Back to top button