Реклама
Наши ѕвезди

Шекеринска во шарени високи потпетици и беж панталони – погодок или промашување?

Реклама

Погледнете го ова издание на Шекеринска

Не можеме да ги разбереме оние што се лутат затоа што пишуваме за нашите познати дами од сферата на политиката, судството и сл.. Замислете познатите светски медиуми да не пишуваа за стилот на Амал Клуни. Или за Меланија и Иванка Трамп, Мишел Обама, Џеки Кенеди? Или за војвотките, принцезите и за нивните секретарки, асистентки.. односно за секоја дама која случајно ќе се појави пред објективите и ќе биде забележана поради некој свој манир. Да, јавните личности се разликуваат токму заради тој збор „јавна“ од нас останатите, „обични смртнички“, и нема ништо чудно ако пишуваме за нив, поточно за нивниот стил што се однесува во нашиот случај. Значи НЕ станува збор за тоа дали некој ни се допаѓа или не поради неговата политичка определба или ставови, туку за нивниот стил. За нив жените како жени, како дами или индивидуи, а според нас секоја жена е убава на свој начин и заслужува внимание. А девојките како Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска, Радмила Шекеринска, Боркица Груевска (зошто да не, дамата изгледа прекрасно, впрочем како и сопругата на новиот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, само поразително е тоа што за нив можете навистина многу малку да прочитате во медиумите). Да, наша цел е да ја промениме или барем да се обидеме да ја промениме ваквата ситуација. И тоа успешно го правиме бидејќи откако некои ни се чудеа, сега тие го прават истото. Овој пат во фокусот ни е нашата министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Поточно нејзините шик панталони што ги носеше во комбинација со црвено сако и салонки со високи потпетици зачинети со интересен дезен.

Маркетинг

Па, што велите за ова шик издание на Шекеринска?

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Радмила Шекеринска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button