Реклама
Култура[тор]

Queen имаат нов вокалист

Реклама

Еден од најпознатите бендови на сите времиња го избраа Американецот Adam Lambert за нов пејач на групата, за големата турнеја која ја започнуваат престојното лето…

Маркетинг

„Намерата е да му се оддаде признание на починатата легенда Freddie Mercury и на бендот, свирејќи и пеејќи некои fucking прекрасни песни. Да се одржи во живот музиката за фановите и да им дадеме енергија на која што Freddie би бил горд“, изјави 30 годишниот вокалист за магазинот Daily Star.

„Во мојот ум не постои никаква намера да го заменам Freddie“, додаде Adam за својот идол уште од детските денови. „Тоа е едноставно невозможно. Начинот на кој јас гледам на целата работа, е дека тоа е голема чест и нема шанси да ја уништам истата“.

Маркетинг

Queen избраа да ја започнат серијата на концерти со настапот на фестивалот Sonisphere, во Hertfordshire, Велика Британија.

Членовите на бендот Brian May и Roger Taylor прв пат настапија и ’му го опипаа‘ пулсот на Adam Lambert, кога настапија со него додека овој се натпреваруваше на познатото шоу за таленти „Американски Идол“. A после тоа заедно настапуваа и на доделувањето на наградите на MTV EMAs, во Belfast, минатиот Ноември. 

Останува да видиме кога големиот број на нивни фанови (и пред се на Freddie) ќе бидат задоволни од нивниот избор.

alt

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine кој оди од сега и на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button