Реклама
Рецепти

Рецепт: Пудинг од семе од чиа и банана

Реклама

Семето од чиа можете да го најдете во продавниците за здрава храна или одделите за здрава храна во маркетите.

Маркетинг

Тоа е богато со белковини, магнезиум, калциум, протеини, железо, омега 3 масни киселини и витамини А, Б, Е и Д. Помага да се намали нивото на холестерол во крвта, го регулира варењето и обезбедува многу енергија. 

Десертот не мора секогаш да биде висококалоричен и опасен за вашата диета. Засладете се со овој здрав и вкусен пудинг без грижа на совеста и страв дека ќе се здебелите. Семето од чиа е многу здраво и богато со витамини и хранливи материи. Во комбинација со бананата овој десерт ќе ве снабди со потребните хранливи материи, ќе ве заслади и ќе ви обезбеди енергија.
 
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ (за 3 чаши пудинг):
 
– 1 шолја кокосово млеко
– 1 шолја бадемово млеко без шеќер
– 2 банани
– 2 чајни лажички екстракт од ванила
– 3 урми без семка
– 2 лажици чиа семки
 
ПОДГОТОВKА:
 
Измешајте ги убаво во блендер сите состојки, освен семето од чиа. Сипете ја смесата во соодветен пластичен или стаклен сад, па додадете го и семето. Затворете го или покријте го садот и оставете го во фрижидер во текот на ноќта или најмалку 4 часа.

Послужете во соодветни чаши за пудинг.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button