Некои жени знаат дека се бремени уште пред да го видат позитивниот тест.
Некои од најраните знаци на бременост се следниве:
· Чувствителни, потечени гради. Mногу жени велат дека градите им се чувствителни како пред циклус, но во многу појака форма.
· Замор. Се чувствувате изморени и исцрпени. Поради зголеменото ниво на прогестерон и напорот вложен при зачнувањето, се чувствувате истоштено како да сте истрчале маратон, а всушност не сте направиле ништо различно од вчера.
· Често мокрење. Многу брзо откако ќе забремените ќе забележите дека многу често ќе морате итно да трчате до тоалетот.
· Зајакнат осет за мирис. Mногу жени тврдат дека имаат зајкнат осет за мирис уште во најраната бременост, можеби како нус појава на брзото зголемување на нивото на естроген во организмот.
· Аверзија кон одредена храна. Отпорот или одвратноста на некоја храна е можеби почеста појава во бременоста отколку желбата за одредена храна. Може да се случи нешто што толку многу сте го јаделе до вчера одеднаш да не можете да го смислите!
· Гадење или повраќање. Утринската мачнина обично започнува по неколку недели, но на некои жени им е лошо од порано.
· Висока базална температура. Ако ја мерите базалната температура и забележите дека останува покачена 18 дена по ред, најверојатно сте бремени.
· Крварење. Некои жени забележуваат благи крварење или розеникави или кафеави дамки во периодот кога треба да добијат менструација. Во случај да имате и болки кога ќе забележите вакво крварење или дамки обратете се на доктор бидејќи може да станува збор за вонматерична бременост.
Совет:
Не брзајте со тестот за бременост. Најголемиот број на тестови покажуваат резултати една недела по доцнењето на циклусот, односно две недели по овулацијата.
За најдобри резултати направете го тестот веднаш штом ќе станете наутро. Ако добиете негативен резултат, повторете го тестот по неколку дена.