Реклама
Стил

Првата дама на Азербејџан изгледа феноменално, но постои и еден бизарен детаљ кој воопшто нема да ви се допадне

Реклама

Мехрибан Алијева, сопругата на претседателот на Азербејџан, Илхам Алијев, од февруари оваа година е и потпретседател на оваа држава.

Таа има интересна биографија, сјајно образование, огромна моќ но и беспрекорен стил . Мехрибан и покрај богатата кариера успеа да се оствари и во улогата на мајка и тоа три пати. Со нејзиниот сопруг ги има ќерките Лејла (32) која го уредува нивниот познат моден магазин и Азра (28) која е филмски режисер, како и синот Хејдат кој има 20 години. Ќерките многу личат на нивната мајка, а од неа го имаат наследено и стилот.

Маркетинг

Мехрибан имаше само 17 години кога се омажи за сегашниот сопруг, тогаш син на поранешниот премиер и претседател на Азербејџан. Во брак влезе со диплома од средно училиште, но не се откажа од понатамошното образование. Дипломираше најпрво Медицински факултет во Азербејџан, а потоа образованието го продолжи на медицинската академија во Москва. Таа во 1996 година ја основаше фондацијата „Culture Friends Foundation“, но и многу други фондации и организации. Нејзиниот интерес за политика го покажа во 2003 година кога по смртта на Хејдар Алијев ја оформи фондацијата за промовирање на политичката идеологија на нејзиниот свекор. Но, покрај политиката и хуманитарната дејност таа е и успешна бизнисменка и сопственичка на најтиражниот магазин, а во нејзините раце е и авиокомпанија и 24 отсто од акциите во телекомуникациската компанија Азефон. Таа секогаш е облечена беспрекорно, а интересно е и тоа што во 2011 година Плејбој ја прогласи за најсексапилна жена на светот.

Маркетинг

Можеби единствената маана која можеме да и ја препишеме на оваа дама е тоа што треба да сте многу храбар за отворено да го критикувате нејзиниот стил и сексапил, особено ако живеете во Азербејџан. Имено, првиот човек на оваа држава (кој воедно е и нејзин сопруг, нели?) ги забрани негативните коментари за неговата сопруга, па секој што се осудува јавно да ги изговори и да ја нападне би можел да се соочи со затворска казна.

Неодамна во оваа земја беше познат случајот кога млад активист беше уапсен поради коментар на Фејсбук поврзан со протестите во Египет, па размислите два пати пред да го коментирате нејзиниот изглед ако ветерот случајно ве однел во нејзината земја.

Што се однесува до нас, оваа дама изгледа прекрасно … :)

Што мислите вие? 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button