Реклама
Наши ѕвезди

Најбогатата српска пејачка се огласи и го згpoзи целиот Балкан – прва ФОТОГРАФИЈА од нејзиното бебе, но ова ги шокираше сите!

Реклама

Познатата српска пејачка Дијана Јанковиќ, попозната како Диди Џеј, која се породи пред два месеци, и оваа година не сакаше да го пропушти летувањето.

Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

И покрај тоа што неодамна се породи, таа реши да замине на одмор, и тоа најпрво во Хрватска, а потоа на уште еден одмор во Турција од каде редовно ги известуваше своите верни обожаватели преку социјалните мрежи.

Нејзините фотографии што ги објавува предизвикуваат интерес посебно затоа што пејачката за брзо време по породувањето ја врати својата стара линија. Имено, таа се породи на 3 јули и само по неколку недели замина на своето прво патување од каде редовно објавуваше пикантни фотографии.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

Но она што најмногу ги шокираше сите, покрај нејзиниот изглед е и тоа што пејачката своето бебе старо само неколку недели го оставила дома за да може да ужива со партнерот во одморот, што и самата го изјави.

Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

„Изнајмиме вила во Хрватска на море. Вилата има 1000 квадратни метри и базен 100 квадрати. Има тениски терен и градина од 30.000 метри квадратни, па ќе останеме тука десетина дена. Бебето е супер, остана дома со дадилките бидејќи се уште е мало за патување, но јас сум редовно на видео повик и следам се што се случува околу неа“, напиша Диди пред нешто повеќе од месец дена под една објава на својот профил на социјалните мрежи.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

Ги сака најубавите работи за својата принцезичка, но…

Таа иако се породи пред неколку месеци, Дијана Диди Јанковиќ дури сега објави прва фотографија со бебето на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

Пејачката која што колешките ја нападнаа што не го минува времето со своето дете, бидејќи само месец дена по породувањето го оставила со две дадилки и заминала на одмор, прво изјави дека тоа не е точно, бидејќи измеѓу двете дестинации прво била да го посети бебето. Но откако сфати што кажала, реши дека е подобро да постави фотографија на својот Инстаграм со ќерката Дајана, како би им покажала на сите дека е мајка која се грижи за своето бебе.

Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

Пејачката на фотографијата лежи на креветот со својата наследничка, а во описот на фотографијата пишува:

„Јас сум мајка!“

Но и покрај ова, многумина се уште ја критикуваат и отворено ја прашуваат како можела своето бебе да го остави на дадилки и да замине со својот партнер на одмор. Дали пејачката почувствува потреба да се оправда или од грижа на совеста ја објави оваа порака не е познато, а како изгледа додека се гушка со бебето можете да видите во продолжение.

Фото: Версаче
Фото: Версаче
Фото: Версаче

Познато е дека Диди сака скапи и оригинални работи, па и на своето дете веднаш по раѓање му купила дизајнерски парчиња. Па така на фотографијата можеме да видиме дека нејзиниот пењоар е ускладен со шпихозните на бебето. Во прашање се шпихозни и ќебенце од светски познатата модна куќа Версаче, од кои само комплетот чини 335 долари.

Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

Инаку, Диди важи за една од најбогатите пејачки во регионот ине ретко се фали со скапи парчиња на социјалните мрежи. Таа ќерката ја доби со сопругот Даниел Роквиќ, кој од пејачката е постар 20 години и веќе има три деца.

Фото: Инстаграм/ Диди Џеј
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј
Фото: Инстаграм/ Диди Џеј

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button