Прва дама која со својот стил ја засени и Меланија Трамп
Вог во 2016 ја прогласи за најубава жена на светот
Јулијана Авада, прекрасната сопруга на аргентинскиот претседател Маурисио Макрија е во фокусот на модниот свет и кога станува збор за стилот едноставно никогаш не греши. Таа со полно право ја носи титулата една од најдобро облечените Јужноамериканки и повторно ги собра само најдобрите оценки со својот непогрешлив моден избор. Таа овој пат избра женствено бело издание со кое беше на посета на една изложба во Буенос Аирес посветено на различните култури во Јужна Америка. Облеката ласкаше на бронзениот тен на оваа атрактивна дама со латино либанско-сириско потекло, а целата комбинација беше заокружена со нежни бранови во нејзината коса, салонки со високи потпетици и голема чанта во крем нијанса. Инаку, оваа 43 годишна убавица модата ја има и во крвта – нејзиното семејство поседува текстилно царство во кое се наоѓа познатиот аргентински бренд Awad.
Оваа елегантна дама во црвениот фустан и е најголема конкуренција на Меланија Трамп >>