Реклама
Наши ѕвезди

Прослава во домот на поетесата, таа се заблагодари за љубовта – „ми дадовте крилја да се издигнам и тогаш кога сум мислела оти не можам да мрднам“

И ние тебе те љубиме.

Реклама

Поетесата Ана Бунтеска го прослави својот 53 роденден.

„Токму на денот кога полнам 53 сакам да ви подарам песна, оти вие мене ме дарувате со љубов секој ден… благодарна сум за секоја убава мисла, секој збор со кој дури и не знаејќи сте ми помогнале, љубовта со која сте ми дале крилја да се издигнам и тогаш кога сум мислела оти не можам да мрднам од умор, страв или болка.

Песната ви ја посветувам за да знаете и да не заборавите дека вашата поддршка и подадена рака ми биле столб и ветар во грб сите овие години. Да сте живи и здрави, ве љубам“ – напиша Бунтеска на својата фејсбук-страничка.

Маркетинг

Таа ги почести своите верни читатели со песната Година полна љубов.

А ние, во чест на нејзиниот роденден, ве честиме со три прекрасни песни по наш избор од неповторливата, топлата на перо, делотворната како мелем Ана.

Маркетинг

Да си најдиш жена до себе

Да си најдиш жена до себе

Со која сонцето секое утро ќе ти свети

И на лето и на зима

Жена која со насмев ќе те буди

И која сама за себе причина за среќа ќе ти биди

Да си најдиш жена до себе

Која од куќата ќе знај дом да ти стори

И домот топол ќе го држи

Со блискоста своја кон тебе

Која ќе те чува ко дете и маж

Љубовник и пријател

Која сенката ќе ти ја сака

И во твојата својата ќе ја стопи

Да си најдиш жена до себе

Која здивот ќе ти го љуби оти живот ќе и’ дава

А ќе се храни со бакнежот твој

Која од очите ќе ти чита и усните неми ко ќе ти се

И која од душата ќе извези постела за двајца

Жена која не ќе се трга од тебе ко ќе ја гушниш

И која болењето на глата со водење љубов ќе го лечи

Да си најдиш жена до себе

Која после љубовна ноќ не ќе трча да те измие од себе

Туку до тебе ќе лежи замачкана од сокови

Од твоето семе и пот

И која на градите ќе ти заспие слушајќи те како дишиш

Да си најдиш пиле жена која и кога се расправа со тебе

Во гласот љубовта ќе и’ ја сетиш

И која и кога ќе вика на крај ќе те праша дал си гладен

Чија суета ќе биди помала од вашата љубов

А љубовта секогаш поголема од сите раздори

Жена до себе да имаш која ќе преди ко мачка

И милост во очите за тебе ќе има

И која ќе знај кога да ти преќути

А кога до последно да вреска

Која ќе те почитува и ко ќе и’ иди

Очите од бес да ти ги ископа

И нема да е покорна

Не

И нема кротка да е оти така треба

Туку оти таа така сака

Оти тебе ми те сака поќе од инаетот

Да си најдиш жена до себе пиле

Со која муабет ќе имаш

И чие тело по твоето ќе се обликува

Која ќе се обвиткува околу тебе ко бршлен

А пак своја ќе е

Која за тебе светот наопаку ќе го сврти

Ама ќе знај и да ти кажи “истај се сега оти ќе пишувам”

Жена да си најдиш која ум во глата ќе има

И свое мислење за се’

Ама која ќе знај како да ти ги кажи нештата

Која ќе те остај маж да бидиш

Ама тоа да не ја направи помалку жена

Помалку силна или мудра

Која ќе ти попушти оти и’ се сака

И која борба со тебе ќе води

Оти така и’ се можи

Пиле мое

Да си најдиш жена која гордо до тебе ќе чекори

Еден до друг

И чекорот ист ќе ви биди

Ниту пред тебе да трча

Ниту пак зад тебе да се влечка

Жена која со крената глава за рака ќе ја држиш

И која жедно со очи ќе ја пиеш

Која втора полојна ќе ти биди

А без неа никогаш цел не ќе си

Совршена жена

Таква да си најдиш

И не да е најубата

Ниту најпаметната да биди

Туку совршена за тебе

Која ќе знај како да те љуби

Оти љубовта таква гола за ништо не ја бива

Која ќе знај на каков начин да те сака

Жена таква да си имаш до себе пиле

Како онаа онде-оној што го љуби

Како месечината-сонцето

И дождот-ветрот

Како јас-тебе

Како јас…тебе пиле.

Да не е залудно

Ќе ме сошијат
Со цик-цак бод
Од устата па надолу
За да не можам збор да ти изустам
Затегнато кај грлото
За да не можам да ги голтнам
За накај прстите да не заминат
И пак на хартија да се изблујат
Три котури конец кај душава ќе отидат
Цик-цак
Густо и стегнато
За да собере она што се изресило низ времето
За да се пораби
Ете барем малку да се закрпи
Колку да не биде залудна болката
На папокот копче украсно ќе стават
Да ме личи
Да не сум како стара карта на светот
Испресечена со реки
И кај матката црвен бод
Во форма на насукан брод
Да ја закрпат да не клука
И повторно од неа дрво да не изникне
Цик-цак
Наведнати над она што од мене ќе остане
И потта од нечие чело ќе ми капе на образите
Солена и тешка како мајчина солза
Полека
Тивко
Во тишина
Ќе ме сошијат како кукла од партали
И ништо повеќе надвор нема да излезе
Во молк со стиснати очи
Ќе се преправам дека сум заспана
Цик-цак
Како за во излог оставена
За најаска во туѓи усти
За да наполнам очи кои твои не се
И потем сеедно ќе е
Кога од човек-човек не ќе остане
Закрпени мислите ми се
Удри уште некој бод
Цик-цак
Цик-цак

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button