Реклама
Култура[тор]

Проклета е Америка и златото…

Реклама

Кога веќе немавме можност да го гледаме во кино, да се потсетиме на ремек делото на Terrence Malick, ’ Новиот Свет ‘…

Маркетинг

Неуките симнувачи на филмски торенти би можеле гадно да се зезнат прибирањето на кој филм да го download-ираат. ’Новиот Свет‘ e возбудлива приказна за откривањето на Америка со Colin Farrell и Christian Bale во главните улоги и на прва може да звучи како спој на “Alexander” и “Riegn of Fire”, само без змејови. 

Но, за цела среќа, главниот лик на оваа приказна не е никој од овие двајца, туку оној кој што седеше на режисерското столче. Terrence Malick е најверојатно најенетиот американски арт филмаџија и еден од најчудните режисери воопшто. Освен што не дава интервјуа и не се фотографира за весниците, во скоро 40 годишната кариера сними само 5 филма (последниот беше лани, „Дрвото на Животот‘).

Маркетинг

alt

’Новиот Свет‘ е неговиот претходен филм и ја раскажува приказната за Индијанката Pocahontas, која го спасила британскиот капетан John Smith од сигурна смрт и го воспоставила првиот контакт помеѓу својот народ и освојувачите. Malick филмот го сними во стилот на претходното негово дело, воената драма “Red Thin Line”. Акцентот го стави на природните убавини на новооткриениот континент, кои ги гледаме слушајќи ги внатрешните монолози на главните ликови кои филозофираат за љубовта, честа и смислата на човековото постоење. 

alt

За да биде комплетно уникатен, Malick филмот го сними на 65 милиметарска трака која веќе со години не се употребува, ја монтирал сликата по готова музика и практично ги забранил дијалозите кои не се во off и така создал атмосфера како од сон. На овие квалитети мораме да ги придодадеме и Colin и Christian, кои по некое чудо, не се иритантни како што понекогаш знаат да бидат. 

{youtube}b-zMIgxbmnA{/youtube} 

Закачете Like, споделете текст и освојте некоја од нашите вредни награди.
За повеќе информации разглeдајте го Shopping Magazine бесплатно на Facebook!

Врати се на првата страна.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button