Како да ги решите малите проблеми со големиот стомак
И покрај тоа што веќе со денови одржувате диета и сте на строг режим на исхрана, проблемите со надуениот стомак можат да ви причинат главоболка, особено доколку сте на годишен одмор и деновите ги поминувате во костим за капење.
Но, не треба да се разочарувате од диетите и вашиот режим на исхрана, туку да се обидете со овие неколку експресни решенија со кои надуениот стомак за многу брзо време ќе издише како одврзан балон или пукната гума.
Купка од горка сол
Горката сол најпопуларна примена има како состојка во солените купки. Две чашки од околу 400 грама со горка сол во када полна со топла вода делува релаксирачки, а оваа купка поттикнува и засилено потење, што е добар начин да се решите од вишкот течности, токсини и целулит во телото.
Намалување на порциите со зеленчук
Општо познато е дека соленото јадење и газираните пијалоци предизвикуваат надуеност, но и помеѓу здравите намирници се кријат причините за овој проблем. Па така на пример брокулата и кељот поради обилните влаклна предизвикуваат надуеност, што не значи дека треба да се откажете од нив, туку само да ги намалите!
Омлет од белки од јајца
Овие купаќи сигурно не се решение за вас! :)
Пред да заминете на плажа изедете омлет од белки од јајца кои делуваат како диуретик. Покрј тоа ќе добиете потребна доза на белковини кои ќе ве заситат, па ќе можете подолго време да поминете сончајќи се на плажа.
Газирани пијалоци – забрането ви е!
Избегнувајте се што содржи јаглероден диоксид како што се газираните пијалоци, а жедта изгасете ја со некои поздрави пијалоци. А доколку пак, сте страсен љубител на пивото и од него не можете да се откажете во летниот период, тогаш ве советуваме да се разладувате со сангрија! Пробајте и не штедете мраз!
Јадете поспоро!
Брзото хранење предизвикува внесување на поголеми количини возддух и надуеност. Па зато потребно е да јадете во мирно опкружување, со мали залаци и со споро џвакање на храната. По оброкот се препорачува барем 5 минути да поминете во движење кое што ќе го поттикне варењето на храната.
Овошје – само на празен стомак!
Овошјете избегнувајте го како десерт бидејќи тоа брзо поминува низ системот за варење, но доколку го изедете по некоја потешка храна, ќе бидат потребни часови за да се разгради. Тоа на тој начлин останува неколку часови заглавено во системот за варење, а започнува и ферментацијата која што резултира со надуеност.
Погледнете како Ким ја врати линијата за кратко време »
Затоа најдобро е овошјето да го конзумирате на празен стомак или како прв оброк во денот, како побрзо би поминало низ системот за варење и ќе ви ја даде максималната количина на витамини.
Омекнете ги житарките
Доколку конзумирате житарки како киноа, семенки од лен и зрнести плодови, треба да знаете дека неправилната подготовка на оваа здрава храна може исто така да предизвика надуеност, бидејќи поради фитанската киселина со која се обложени, го блокира работењето на ензимите кои се важни за разградување на храната.
Затоа најдобро е најпрво да ги потопите во вода со малку лимонов сок или јаболков оцет и да ги оставите да остојат преку ноќ. Со потопувањето се отстранува фитинската киселчина, па ензимите стануваат попристапни, а во телото се испуштаат повеќе нутриенти и храната станува полесна за варење.