Реклама
Коса

Природни рецепти за вашата коса

Реклама

„Во продолжение на наградната игра која што еднаш месечно ја доделува Академијата & Фризерското студио Aвангард (види на крајот од текстот), ви објавуваме неколку интересни совети поврзани со нега на вашата коса.“

Се што треба да направите е да ја освежите вашата коса со природни хранливи состојки и таа ќе биде сјајна, бујна, мека и што е најважно од се – вашата коса ќе биде здрава. Но, да почнеме по ред.

Маркетинг

Хранлив рецепт за сите видови на коса: 2 жолчки, неколку лажички масло од рицинус, капки од коприва, една лажица шампон. Вака подготвената смеса да се нанесе на коренот и на целата должина на косата и да се остави да стои на главата што е можно повеќе. Потоа измијте ја со млака вода.

Природен рецепт за оние што имаат проблеми со првут: Еден ден пред да ја миете вашата коса, нанесете и салицилно масло (100 g масло од рицинус со 10 g салицил). Потребно е да се трла кожата, а не косата. Исто така, пожелно е оваа смеса да остане преку цела ноќ на вашата глава, а дури утредента да се измиете.

Маркетинг

Фарбана коса:

Доколку не сакате да ја уништите вашата коса користете квалитетни фарби и по можност хидроген од истата колекција. Потребно е да ја негувате вашата коса за време на годишните одмори со користење на препарати кои содржат UV филтер, со што ќе ја зачувате вашата коса од солта, сонцето и хлорот. Со тоа и вашата боја би била постојана. Исто така потребно е да ја чувате бојата на вашата коса со препарати наменети за тоа.

Косата секогаш треба да ја сушите со млак воздух од фенот, а не со премногу топол. Топлиот воздух предизвикува вашата коса да лачи повеќе лој, па така таа станува мрсна. Потребно е со четка да ја подигнете вашата коса од коренот и со фенот да дувате кон коренот. Само на тој начин вие ќе спречите вашата коса брзо да спласне и да изгледа мрсно.

Академијата Avangarde е главниот „виновник“ за овие совети кои ќе се објавуваат секој понеделник во рубриката Стил, убавина и здравје (Модерна) на нашиот портал. Доколку сте заинтересирани да бидете дел од луѓето кои се „од спротивната страна на фризерското столче“, тогаш слободно пријавете се во Avangarde каде ќе ве обучуваат специјални едукатори кои се во постојан тек со светските модни трендови. 

Еднаш месечно, фризерското студио на оваа престижна академија ќе додели на една наша читателка ПОТСТРИЖУВАЊЕ И ФАРБАЊЕ СО БОЈА НА ПРИРОДНА БАЗА, боја која ја храни косата и и дава поголем сјај. Настанот ќе биде пропратен со репортажа и фотографирање, а материјалот ќе биде објавен на нашиот портал.

Сите заинтересирани читателки кои што ќе испратат своја слика на адреса info@stipka.com.mk со наслов Мој Фризер, влегуваат во потесниот круг за избор за месечната наградна игра. Единствениот услов е тие да бидат фанови на нашата страна на Facebook и редовно да ги објавуваат овие текстови на својот FB профил.

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button