Реклама
Кожа и нокти

Природна маска за затегнување на лицето со ботокс ефект

Реклама

Оваа маска можете да ја направите дома од едноставни состојки што ги имате во кујната.

Маркетинг

Лесно се подготвува а има ефект еднаков на славниот ботокс. За многу брзо време ќе забележите дека кожата ќе ви се затегне, а трагите од замор ќе исчезнат.
Потребни состојки:
–    1 лажица густин (нишесте)
–    5 лажици свежо исцеден сок од морков
–    1 лажица кисела павлака
Подготовка: растворете го густинот во половина шолја вода (околу 125 мл.). Ставете ја смесата во тенџерче и додадете уште 100 мл. врела вода. Варете на тивок оган додека смесата не се згусне. Тргнете на страна, оставете малку да се олади па додадете го сокот од лимон и павлаката.

Нанесете ја маската на чисто лице и оставите да стои 25-30 минути. Измијте со топла вода и нанесете крема за лице.

Останатата количина можете да ја чувате во фрижидер и да ја употребите наредниот ден. Најдобро е маската да се користи 3 дена по ред, па да се направи пауза. Маската е многу делотворна, ги отстранува трагите од замор и ситните брчки, ја хидрира кожата и ја затегнува кожата со ефект на ботокс. Ако треба да одите некаде и сакате да се разубавите, можете слободно да ја искористите оваа маска бидејќи резултатите се видливи уште по првата употреба – кожата станува мека, мазна и затегната.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button