Направете си природна маска и ослободете се од масната коса

Дали имате чувство дека вашата коса претерано се масти?

ФОТО: mirror.co.uk

Мастењето на косата е природен процес. Маснотиите спречуваат нашата кожа да се исуши и да стане кршлива. Меѓутоа, многумина ги вознемирува чувството и изгледот на масната коса, што може да биде вистинска пречка, посебно кога носиме капи во есен или зима. За да го спречите прекумерното мастење на косата, подгответе ја оваа домашна маска за коса од лимон.

За неа ви е потребен сок од два лимона, жолчка и една лажичка арганово масло. Измешајте ги сите состојки и добро втријте ги во влакното. По 20 минути, измијте се со шампон и со млака вода. Не применувајте ја често оваа маска, за премногу да не ја исушите кожата на глава и да предизвикате првут.

ADVERTISEMENT

Facebook Comments
(Visited 214 times, 1 visits today)
Loading...