Потсетуваме, на крајот на декември 2013 година, додека скијал на француските Алпи, Шумахер излезе од патеката, се сопна на камен и удри со главата во карпите. Иако беше со кацига, повредата се покажа премногу сериозна. Михаел помина низ две операции на мозокот и неколку месеци беше во кома. Следното лето беше објавено дека Шумахер се разбудил и бил пренесен во рехабилитациски центар. Подоцна, семејството го пренело во својот дом покрај Женевското Езеро, каде за него целосно се грижи неговата сопруга Корина и тим на лекари.
Со години семејството ја држи во тајност информацијата за состојбата на Шумахер, ограничувајќи го кругот на луѓе кои имаат пристап до него. Поранешниот Формула 1 тркач и близок пријател на спортистот, Филип Штраф, изјави дека Михаел е парализиран и дека користи инвалидска количка, но подоцна претставниците на семејството ја негираа оваа информација. Од друга страна, поранешната сопруга на поранешниот раководител на тимот на „Формула 1“, Флавио Бриаторе, изјави за шпанските медиуми: „Михаел не зборува, комуницира само со очите. Само три лица можат да го посетуваат“. Во октомври 2018 година, претседателот на ФИА, Жан Тод, изјави дека го посетува Шумахер не помалку од два пати месечно, а за неговата здравствена состојба рече: „Би сакал ситуацијата да беше поинаква…“.
Во 2021 година, Нетфликс објави документарен филм „Шумахер“, во кој Корина откри дека нејзиниот сопруг не е способен за самостојно движење и целосна комуникација со другите. Се дозна дека за неговото лекување веќе се потрошени 20 милиони фунти, а семејството било принудено да го продаде домот во Норвешка и личниот авион на спортистот. Меѓутоа, синот на Шумахер, Мик, тргна по неговите стапки и стана тркач, додека неговата ќерка се занимава со коњички спортови.