Реклама
BEAUTYНега и здравје

3 причини зошто треба да користите маска од домати

Реклама

Доматите содржат високо ниво на ликопен, моќен антиоксиданс кој има одлични бенефити за кожата. Еве пет добри причини зошто би требало да користите маска од домати.

ФОТО: freepik.com

Помага кај акни

Доматите содржат салицилна киселина која е ефикасна во третирање на проблемот со акните, затоа што помага тие да се исушат. Изгмечете една свежа домата и со лушпата намачкајте на погоденото подрачје. Оставете ја да делува околу 20-30 минути и потоа исплакнете со млака вода.

Ги намалува раширените пори

Ставете во сад една супена лажичка сок од домати и додајте неколку капки свеж лимонов сок. Исчистете го лицето со вода, а потоа со памук нанесете ја оваа смеса на лицето таму каде што имате раширени пори. Оставете да делува 15 минути, па потоа исплакнете со ладна вода. Повторете ја постапката два пати неделно.

Маркетинг

Ги брише флеките

Ставете две лажики сок од домати и од една лажичка од овесна каша и јогурт. Нежно втријте на зафатените подрачја и оставете да делуваат околу 20 минути. Измијте со ладна вода и оваа постапка повторувајте ја еднаш или два пати неделно.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button