Вирално

Неверојатен пресврт во случајот со убиството на Јелена Марјановиќ: Адвокатот изнесе информации кои ја шокираа јавноста

Advertisement

Според официјалниот наодот од најпознатиот патолог во Србија – под ноктите на Јелена Марјановиќ откриен е ДНК кој не е на нејзиниот сопруг!

ubi1

Advertisement

Наодот на судскиот вештак патологот Др. Зоран Станковиќ стигна во Вишиот суд во Белград и во него се наведува причината за смртта на Јелена Марјановиќ односно повредите нанесени со тап предмет во глава, како и тоа дека пејачката е убиена на насипот за каде првично и се претпоставуваше дека е извршено убиството. Но, во наодот на вештакот се наведува и времето кога настанала смртта на Јелена Марјановиќ. На дваесет страни во наодот на патологот, кој е сочинет врз основа од обдукцискиот записник, но и од другите докази, се наведува дека базирајќи се на траговите од крвта е утврдено местото и начинот на убиството на пејачката. Утврдено е дека нема убодни рани, открива соговорник во истрагата, а пренесуваат српските медиуми.  Во наодот се додава и дека на ноктите на пејачката е откриен ДНК од машка личност, но дека НЕ станува збор за траг кој може да се поврзе со осомничениот за злочинот, нејзиниот сопруг Зоран Марјановиќ. На телото се констатирани одбранбени повреди, што значи дека Јелена сакала да се одбрани од убиецот, а сите оние теории дека рацете и се миени со варикина, дека Марјановиќи ги менувале плочките и паркетот во куќата по убиството, паѓаат во вода, вели еден од петте адвокати од одбраната на Зоран Марјановиќ, др. Вељко Делибашиќ.

 

Advertisement

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button