Кафе муабет

За сите дами кои се на прагот пред олтарот: 6 предлози за незаборавна моминска вечер

Advertisement

Вообичаено, моминската вечер подразбира забава во некое кафуле, со добра музика, танцување, смеење и алкохол.

 mominska

Advertisement

Вообичаено, моминската вечер подразбира забава во некое кафуле, со добра музика, танцување, смеење и алкохол. Но, тоа не мора секогаш да биде така. Убави и незаборавни спомени можете да добиете и доколку моминската вечер ја поминете на малку поинаков, оригинален начин. Еве неколку предлози.

Спа ден. Пред венчавката, сигурно ќе ви одговара да се опуштите во некој спа центар, а ова е и добар начин да се дружите со вашите омилени пријателки.

Дружење со уметноста. Ова е уште една интересна идеја за да си поминете добро со вашите пријателки. На пример, можете заедно да цртате и да создавате уметнички дела, додека водите пријатен разговор. На крај ќе ги имате одличните дела како вечен спомен.

Advertisement

Час по танцување. На овој начин можете да ја споите вашата моминска вечер заедно со момците и заедно да танцувате. Така ќе создадете прекрасни спомени, а и ќе научите некои нови чекори во танцот.

Час по готвење. И ова е уште еден оригинален начин да се забавувате со вашите пријателки. Сигурно многу ќе се смеете и забавувате додека подготвувате оригинални и уникатни рецепти. Барем тој ден заборавете да ги броите калориите!

Предвидување на судбината. Ова е одличен начин да се забавувате со вашите пријателки. Закажете средба за читање на тарот карти, гледајте во шолја или дланка…

Забавен парк. Доколку имате можности, заедно посетете некој забавен парк. Искусите возбудливо возење, шеќерна волна и интересни наградни игри.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button