Новости

Празнување на Бадник во Скопје – Здравица во 11 часот пред Соборниот храм, Бадникова поворка во 12 часот, голем концерт, еве што ќе се случува

Под мотото „Пренеси ја Божикната радост до секое срце!“, Христовото раѓање денес напладне во Скопје и други градови низ земјава, ќе го најават децата со бадникови поворки, пеејќи ја „Вечниот Бог“.

Advertisement

Денес го славиме Бадник, ден пред големиот христијански празник Рождество Христово – Божиќ.

Децата, како симбол на ангелите, со своите чисти души и искрени насмевки ќе го наговестуваат Христовото Раѓање!

Advertisement

Одбележувањето на Бадник ќе почне пред Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје во организација на Здружението на граѓани „Одбор за традиционална прослава на Бадник“.

Кум на годинашното одбележување е Радомир Макеларски, кој ќе го понесе ќупот за Бадник 2025, а здравичар е Атанас Петров, кој на платото пред Соборниот храм ќе ја каже здравицата во пресрет на Божиќ. Кумот и здравичарот ќе донесат погача, во 10 часот, а здравицата се предвидува да се случи во 11 часот.

Свештениците од Соборниот храм ќе ги осветат погачата, нафората и чајот, како и бадникарските гранчиња, што годинашните кумови и здравичарот традиционално ги набраа на падините на Водно, а кои ќе им се делат бесплатно на присутните.

Advertisement

Во Скопје се очекува да биде формирана досега најдолгата бадникова поворка, а за дечињата се подготвени повеќе од 3.500 коледарски пакетчиња.

Здружението „Бадникови поворки“ повикуваат сите заедно да се собереме пред Музеј на Град Скопје во 12 часот и да ја формираме најголемата Бадникова поворка, која ќе заврши со голем божиќен концерт на плоштад ,,Македонија”.

Ќе има и креативни работилници за децата на кои секое дете ќе може да изработи своја ѕвезда и да ја зачува за следната година, а ќе има и драмски претстави за сите возрасти, како и традиционално дарување од градоначалниците, кои ќе ги пречекаат дечињата, како најрадосни предвесници на Христовото раѓање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button