Правилно сушење на косата
„Правилното сушење на вашата коса е од големо значење за таа да ви биде здрава и убава.“
Воедно, сушењето е и оној дел од негата на косата што многумина го грешат и ѝ нанесуваат голема штета на косата. А тоа е така бидејќи мократа коса е најподложна на растегање и пукање, што значи дека косата тогаш е најосетлива!
Треба да запомните дека косата никако не треба да ја сушите така што ќе ја бришете грубо со крпата, а потоа уште погрубо да ја исчешлате. Сето тоа треба да го направите со малку повеќе и љубов и трпение (и знаење, секако!). А тоа е пожелно за вас, бидејќи вие веќе доволно и наштетувате на вашата коса со постојаното бојадисување, фенирањето, ветерот, сонцето…
1. Исцедете ја водата
Најпрво што треба да го направите е внимателно да ја исцедите водата од вашата коса, а тоа го правите така што косата ја стискате со раката кон темето. Дури по ова вие треба да ја земете крпата и по целата должина да ја нанесете на вашата коса – но никако не трлајте ја со неа. Тоа можете да го направите, но исклучително нежно, со врвот на прстите, на самото теме!
2. Подигнете ја вашата коса во турбан
Откако ќе ја ставите крпата по целата должина на вашата коса, пожелно е да ја замотате во турбан и така да ја оставите едно 10 до 15 минути. На овој начин подоцна многу полесно ќе ја стилизирате вашата коса, особено ако таа ви е долга.
3. Правилно чешлање
Откако ќе ја извадите крпата, вие треба косата да ја исчешлате од темето кон краевите се додека таа не стане глатка. Широкиот чешел е THE BEST варијанта за ова!
Ова е доволно да се знае кога се работи за сушењето на вашата коса, а доколку го испуштивте советот како треба да се мие, тогаш не двоумете се воопшто, туку веднаш кликнете тука!
—————————–
Запознајте се со правилата на Наградната игра „Бесплатно бојадисување на вашата косата со бои на природна база “ што еднаш месечно Академијата Авангарде ја доделува на една наша читателка!