Реклама
BEAUTYНега и здравје

4 златни правила кои на вашето лице ќе му дадат посвеж и поодморен изглед

Реклама

Брзниот начин на живот и небалансираната исхрана лошо се одразуваат во повеќе аспекти на нашето здравје. Со цел да не мора постојано да ја согледувате количината на вашиот умор и ненаспиеност, ви советуваме да ги примените следниве четири трикови со чијашто помош вашето лице ќе сјае.

Ладна вода и ладни облоги

Нема ништо подобро од брзо разбудување од тоа да се измиете со ладна вода. За вашето лице да изгледа посвежо и поодморено, по миењето со ладна вода ставете си и ладни облоги на лицето и очите.

Внимавајте при избор на пудра

Течната пудра ќе ви даде дополнителен сјај и ќе ви го изедначи тенот, а потребно е да изберете на база на масло или вода. Во зависност од типот на вашата кожа, одберете ја својата идеална пудра, а потоа дополнете ја со хидратантен коректор кој ќе ви ги сокрие темните кругови околу очите.

Маркетинг

Кремасто руменило

Овој генијален производ ќе го разбуди вашето лице за миг, а одлично ќе ви послужи и како суптилен кармин. Под него нанесете хидратантен балсам за да не ви се насобере на испуканите делови на усните.

Без премногу шминка на очите

Малку маскара и млечно бело моливче за очи ќе ви биде доволна шминка за очите. Премногу сенка или туш може да ви го затворат погледот и да направат да изгледате постари отколку што сте.

Маркетинг
Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button