Огласи
Наши ѕвезди

Познатиот фолк-пејач се огласи од болничкиот кревет – операцијата помина, откри како се чувствува

Спасен се огласи од болницата, еве како изгледа

advertisement
advert

Пејачот се огласи, насмеан и како нов…

Познатиот фолк-пејач Спасен Сиљаноски деновиве имаше интервенција на срцето во една од нашите најпознати клиники.

Тој на социјалните мрежи се огласи и додека беше во операционата сала, а потоа откри дека станува збор за рутинска интервенција и дека нема потреба од загриженост, бидејќи се поминало во најдобар ред.

реклама

Од објавата може да видиме и дека максимално им верува на докторите, но и дека по интервенцијата се чувствува одлично.

„К’o нов“, напиша Спасен под неговата последна фотографија што ја сподели на својот профил на социјалните мрежи, а многумина во коментарите му посакуваат што поскоро да оздрави. И како што откри и самиот Спасен, прв настап откако ќе излезе од болницата ќе биде за 8. Март во Радовиш, а потоа следува и турнеја.

Марpкетинг

Но за неговата турнеја ќе ве известиме подетално наскоро, а во продолжение да се потсетиме на еден од неговите најголеми хитови.

Не го крие богатството

Инаку, Спасен најголема поддршка има од сопругата Ана Сиљаноска и од нивните деца, ќерката Мила и Синот Арсениј, но и од својата публика за која многу пати истакнал дека токму таа е неговото најголемо богатство.

Па така Спасен во една пригода ќе открие колку е богат и тоа со само една фотографија што ја објави на социјалните мрежи.

„Пред неколку денови некој ме праша : “Спасене колку си богат?”……Оваа слика е мојот одговор, оваа публика е моето богатство 😇 p.s. Кој кажа дека Македонските фолк пејачи не можат да соберат десетици илјади народ?“, напиша Спасен Сиљаноски во описот на фотографијата по еден негов настап.

Потсетуваме, Спасен неколку дена пред да замине во болница во интервју за Гламур откри кога ќе ги израдува фановите со нова песна.

Повеќе за ова прочитајте тука...

Бонус видео

epp

Ќе ти дојдам вечер

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Oglas

Поврзано

New Ad
Back to top button