Реклама
Култура[тор]

Поздрав Шарли Акробати

Реклама

„Минатиот петок Метрополис Арена во Скопје трештеше од југословенски рок.“

Let 3, Влатко Стефановски-Трио. Дисциплина Кичме, Забрањено Пушење.. беа бендовите кои пред полната сала публика ги отсвиреа своите најпознати хитови, а добро познатите стихови, ги пееја сите на глас:

„Није добра Катарина, није добро Бјело Дугме,
Шта је добро шта нам треба…“

Маркетинг

„Јер ја, ја сам гузоњи син..“

„Она воли порно причице и носи чипка гачице.
Све њене пријатељице, глупе су и досадне..“

Но сега не би сакал да зборувам за концертот, оние што беа таму најдобро знаат како беше. Од друга страна, сите вие познавате некого што од прва рака ќе ви ја пренесе атмосферата. Доколку пак сеуште не сте сретнале таков, еве ви ја за секој случај нашата галерија за да видите како изгледаше бунтот на рокерите против турбо – фолкерите!

Маркетинг

Но, како што веќе напомнав, не би сакал да зборувам за концертот, туку би сакал да се навратиме наназад, на времето на „Шарло Акробата“, на човекот што во петокот настапуваше под името „Дисциплина Кичме“ (Душан Којиќ – Која) и на останатите двајца што го сочинуваа тој легендарен бенд: Милан Младеновиќ и тапанарот Ивица Вдовиќ – Вд.

Оваа тројка во 1980 година ги снимаа хитовите „Она се буди“, „Око Моје Главе“, „Нико као ја“ и „Мали човек“. Овие хитови заедно со уште неколку песни на „Идоли“ и „Електрични оргазам“ се најдоа на култната плоча „Пакет Аранжман“ која во 1981 година ја издаде Југотон. Истата година, во месец април, тие го снимаат и својот прв студиски албум „Бистрији или тупљи човек бива кад..“, но набргу по ова тие се распаѓаат.

{youtube}XqkP4YORpZk{/youtube}

Поточно тие со бендот Шарло Акробата есента 1981 – та година заминуваат на турнеја во Полска, а на враќање дома го прават својот проштален концерт во Љубљана, во октомври 1981 година и бендот по ова се распаѓа.

Потоа Милан и Ивица Вд ја оформуваат Катарина Втора, бенд кој подоцна ќе прерасне во Екатерина Велика. Ивица Вд во 1985 година го напушта бендот и дознава дека е ХИВ позитивен. Умира во 1992 година. Само неколку години подоцна, во август 1994 година, умира и фронтменот на ЕКВ – Милан Младењновиќ, од рак на панкреасот.

Тоа беше голем удар за југословенската рок сцена, за сите оние вистински мајстори на занаетот што работеа по формулата на западниот терк. Потоа во годините што идат, умреа и сите други членови на ЕКВ, па и клавијатуристката Маргарита, која во 2002 година умре како бездомничка и болна од сида.
Можеби токму од тие причини Која, единствениот жив пронаоѓач на формулата на „Новиот бран“  – Шарло Акробата во петокот во Метрополис Арена пееше:

„Није добра Катерина, није добро Бјело Дугме
Шта је добро шта нам треба? Кичме, кичме дисциплина.“

А ако тргнеме од фактот дека сите хероински зависници имаат проблеми и болки во рбетот, тогаш овој човек и неговата ѓаволски добра симболика навистина беа во право.

{youtube}9OSGEXtcyAs{/youtube}

Поврзано

Back to top button