Реклама
Вирално

Го стоплија со ќебенце, тие се вистински херои – пожарникарите од Кавадарци спасија коњ

Коњот беше повреден од несеовесен возач и неколку дена лежеше во маки покрај патот

Реклама

Пожарникарите од Кавадарци заедно со нивните колеги од ЈП Паркинг успеа да згрижат коњот кој беше повреден и оставен на патот.

Како што е истакнато во објавата на Фејсбук страницата на градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, коњот бил удрен од несовесен возач и оставен на патот. По апелот за помош од Здружението „Шепи 2021“ и благодарение на пожарникарите од Кавадарци и вработените во ЈП Паркинг-Кавадарци тој беше безбедно пренесен и преземен од С.О:У. Орде Чопела во Прилеп, каде од ветеринарната клиника му беше укажана помош.

Маркетинг
Фејсбук/ Митко Јанчев

На фотографиите објавени на Фејсбук се гледа како екипите несебично му помагаат на повредениот коњ кој откако го преместија од местото каде беше пронајден, го покрија со ќебенце за да се стопли, додека ветеринарите несебично му ја пружија потребната помош.

Маркетинг
Фејсбук/ Митко Јанчев

Во коментарите многумина ги пофалија градоначалникот и службите што помогнаа коњот да биде спасен, пишувајќи дека вака треба да се однесува секој кон сите животни што ќе се најдат во неволја.

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев

Фејсбук/ Митко Јанчев

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button