Повторно прослава во домот на Наум и Зуица – еве кои се денес кралеви на танцот (фото)
Славеничката вест ја сподели на својот Инстаграм профил ќерката на Наум и Зуица, односно постарата сестра на Стефан, Македонка.
Стефан, синот на Наум Петрески и Зуица Лазова го собра семејството и пријателите на едно место, во радосна атмосфера, со причина.
Стефан наполни 16 години, и ете повод за нова веселба во инаку веселото семејство кое редовно ги одбележува сите важни датуми во домот.
Славеничката вест ја сподели на својот инстаграм-профил ќерката на Наум и Зуица, односно постарата сестра на Стефан, Македонка.
„Среќен роденден дадино“ – му посака таа со серија фотографии.
Музиката во позадина на објавата е познатата песна „Денсинг квин“ (Кралица на танцот) од АББА.
И има смисла. Македонка и Стефан се талентирани за музика, по гените на мама и тато.
Додека Македонка студираше соло-пеење и има извонреден вокал, Стефан одлично владее со свирењето гитара.
Во октомври минатата година триото – Наум, Зуица и Стефан настапија заедно на сцената на „Пиво фест“.
Но, кога сме кај родендените, Штипјанката Зуица Лазова минатата година (поточно на 31 октомври) прослави два јубилеја одеднаш – својот 50 -ти роденден и 30 години јубилеј на естрадата со проектот.
Проектот „5 за 50“ беше во чест на јубилејот 30 години на естрадата, и на едно место собра пет композиции.
Во разговор за Гламур.мк, по повод јубилејот, на прашањето што Зуица ја прави среќна кога ќе направи ретроспектива наназад, таа одговори:
„Мене можат многу мали нешта да ме направат среќна, ама ајде сепак да кажам дека ме прават среќна среќата на моите блиски луѓе ,квалитетно време поминато со нив, со фамилијата и блиските пријатели. Кога ќе погледнам наназад јас сум презадоволна од постигнатото бидејќи успеав и се уште ги балансирам моите две професии како проф. по хармоника и пеењето а во едно време и водителството во хармонија со фамилијата“.
Семејството е навистина многу сложно и често мајката и ќерката можат да се видат заедно, како да се најдобри пријателки.