Реклама
MAMAКафе муабет

Приврзаноста на внуците со бабите и дедовците им носи големи животни предности

Реклама

Честиот контакт и емотивната приврзаност со бабите и дедовците предизвикува социјална и емоционална благосостојба кај внуците, колку и да се бабите и дедовците стари. Оваа врска поврзаност ги штити од проблеми во текот на растењето.

ФОТО: objectivefinancialpartners.com

Живееме во доба во која врската помеѓу бавите, дедовците и внуците е се’ посилна, пред се’ поради тоа што родителите немаат доволно време да им се посветат на децата поради своите обврски на работа. Предностите се чувствуваат и кога децата се соочени со развод на нивните родители, со оглед на тоа што денес разводите се многу почести од порано.

Неколку истражувања, меѓу кое е и она спроведено на универзитетот во Оксфорд, покажало какво е влијанието на бабите и дедовците врз нивните внуци. Честиот контакт и емотивната поврзаност со бабите и дедовците предизвикуваат многу видови на благосостојба кај внуците. Овој вид поврзаност ги штити децата од проблемите кои им надоаѓаат понатаму во животот, а исто така ги зајакнува и нивните социјални и когнитивни способности.

Маркетинг

Притоа, блискиот однос со нив им ги ублажува емотивните повреди на наследниците, кои настануваат во случај на развој на родителите. Друго истражување пак покажува дека блискиот однос со бабите и дедовците има позитивен ефект врз однесувањето на децата, така што ги прави погрижливи и повнимателни кон другите. Од друга страна, децата во чие воспитување не учествувале бабите и дедовците биле значително по нељубезни и безобѕирни.

Маркетинг

Поврзано

Back to top button