Кафе муабет

Поучна приказна – како треба да се берат цреши

Advertisement

Приказна за најдобриот берач на цреши!

Advertisement

Земјоделците од областа Мечкина река во Нова Шкотска, каде што расте една од најдобрите видови цреши во светот, имаат еден несекојдневен обичај.

За време на бербата на цреши, фармерите за одредена цена го даваат „дрвото во закуп“ за еден час. Штом ќе плати закупувачот, дрвото е „негово“ и тој слободно може да бере. Сите цреши кои ќе ги собере за однапред одреденото време, му припаѓаат нему, затоа што закупот не се мери по количина, туку по време. Кога ќе истече времето, дрвото му се предава на следниот закупувач. Во рамките на овој систем, оној кој ќе собере најмногу цреши за најкратко време, добива најмногу пари. Еден берач се издвојувал од сите останати и секогаш собирал најмногу. Еден ден го прашале како успева во тоа, а тој со насмевка им одговорил:

„Тоа е едноставно. Не собирам цреши од долните гранки, затоа што од нив најлесно се бере, па повеќето берачи почнуваат од таму. Тие се фокусирани на берењето плодови од овие гранки, што се поретки, па забораваат на богатиот род кој се наоѓа на повисоките!“

Advertisement

Така е и во животот. Не се исплати да тежнеете кон она што лесно може да се достигне. За ваквиот став треба многу работа и тој поставува многу барања пред човекот кој гледа напред и поставува цели кои се поразлични од оние на другите. Потребно е многу храброст и напор за идејата да се претвори во акција или вистинска вредност. На оние кои се подготвени да се справат со тешките задачи, нема да им биде лесно, но ќе постигнат вредни резултати!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button